Новости

НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БРАТСТВОТО

На годишното собрание на Братството Свети Јован, кое што се одржа на 30 Мај 2020 година во Стокхолм, е избран нов Управен Одбор и нов Претседател за следната година. На собранието беа презентирани извештајот за работата на братството како и извештајот на ревизорот за минатата година. Високиот Советот на Братството, по прв пат, даде свое мислење за минатиот период како и препораки за иднината на Братството. Членовите се заблагодарија на старата Управа и ја ослободија од одговорноста. Ново избраната Управа се состои од пет членови кои се избрани на мандат од година дена. Братството му се заблагодари на претходниот претседател Саша Фаркаш и избраа нов претседател. Мандатот на Слободан Кутлесовски како претседател на регионот Сконе е продолжен и за наредната година.

Новиот претседател на Братството Свети Јован се вика Предраг Љубинковиќ, има 57 години и живее во Стокхолм. Во последните години Предраг беше многу ангажиран во Братството како водач на различни проекти и во неколку позиции во Управата. Оженет е и има една ќерка. Инаку Предраг е успешен менаџер за продажба во компанијата Q8 Oils и е одговорен за Источна Европа, Австралија и Нов Зеланд.  

По завршувањето на собранието му поставивме неколку прашања, наведени во текстот подолу:

Предраг, најпрво добредојде како нов претседател на Братството Свети Јован. Кажи ни како се чуствуваш како нов претседател на Братството?

Голема чест ми претставува да ја преземам штафетата за наредната година и ќе дадам се од себе да се одржат и шират вредностите на Братството. Благодарение на силата и посветеноста на сите членови на Братството, ќе бидеме уште подобри во спроведување на сегашните и идните проекти. Успехот на Братството е и мој успех.

Како би се опишал сам себе?

Јас сум еден стаболен човек посветен на својата фамилија. Ја сакам мојата фамилија и пријателите и сум спремен се да направам за нив. Инаку сум тимски играч и сакам секој член да се воздигне и да го прифати својот дел од одговорноста, затоа што само така ќе бидеме победничка екипа. Мојата работа е доста интересна и ми дава можност да запознаам и да соработувам со луѓе од различни земји. Секоја држава има свој менталитет и секој ден носи нови предизвици, денеска во Полска утре во Грција а после тоа во Литванија. Секој пазар има свои специфичности и мојата задача е да ги држам сите конци во рацете за сите да се задоволни.

Што значи Братството Свети Јован за тебе?

Братството е мој извор на инспирација и слога. Тоа стана една оаза во овие тешки и стресни времиња, затоа што го сочинуваат добри и успешни луѓе кои шират радост околу себе. Вистинско задоволство е да си во нивно друштво.

Што е, спрема твоето мислење најважно за Братството и зошто?

Најважно од се е да ги шириме нашите христијански, хумани и братски вредности. Ние треба да бидеме ‘добриот пример‘ и да го покажеме вистинскиот пат.

Благодарам на разговорот и ти посакуваме многу среќа во работата и животот!

Коментарите се исклучени на НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БРАТСТВОТО